Burak Dağ
17 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
ЕРУСАЛИМ
Соединетите Американски Држави (САД) вчера објавија дека на палестинските власти ќе им обезбедат помош од 5 милиони долари за борба против новиот тип коронавирус, Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ни претставува задоволство што САД обезбедуваат 5 милиони долари за палестинските болници и домаќинства за да ги задоволат моменталните потреби во борбата против Ковид-19“, објави на Твитер Дејвид Дридман, американскиот амбасадор во Израел.
САД за повеќе од 200 милиони долари ја намали помошта за Палестина во август 2018 година.
Администрацијата на Трамп исто така истата година ја намали финансиската помош за Агенцијата на ОН за помош за заштита на палестинските бегалци (UNRWA). Дотогаш САД најмногу придонесуваа за Агенцијата, обезбедувајќи ѝ 350 милиони долари годишно, што претставува околу четвртина од вкупниот буџет.
Основана во 1949 година, Агенцијата на ОН за помош за заштита на палестинските бегалци им пружа клучна помош на палестинските бегалци во блокираниот Појас Газа, на Западниот Брег под израелска окупација, како и во Јордан, Либан и Сирија.