Said İbicioğlu
29 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Откако пожарите во Израел беа ставени под контрола, беше укината и вонредната состојба во земјата, потврди портпаролката на полицијата, Луба Самра, јавува Anadolu Agency (AA).
Самра рече дека се ставени под контрола пожарите што избија во вторникот во Израел, и дека ја укинуваат вонредната состојба под името „Во добро и во зло“.
Таа истакна дека покрај големиот број пожарникари и воен персонал, во гаснењето на пожарот биле вклучени и 20.000 полицајци. Самра соопшти дека во пожарите изгореа и беа уништени десетици илјадници акри земјиште, главно во северниот дел на Израел.
Пожарите започнаа пред неколку дена во Ерусалим, а поради сувото и ветровито време, пожарот се прошири на дополнителни 13 места. Сѐ уште не се знае причината за пожарот, иако некои израелски медиуми објавија дека постои сомневање дека тие се подметнати.
Израелската полиција претходно соопшти дека се приведени 25 Палестинци под сомнение дека тие го подметнале пожарот. На изјавите дадени од страна на некои израелски официјални лица дека за пожарите се виновни обвинетите Палестинци, реагираше и палестинското Министерството за надворешни работи.
„За пожарите во Израел ги обвинувате Палестинците, но дали пожарите на Западниот Брег го предизвикаа Палестинци?“, се вели во соопштението упатено до Министерството во неделата.