Awad Rjoob
23 Јануари 2023•Ажурирај: 25 Јануари 2023
РАМАЛА (АА) - Израелските сили приведоа 27 Палестинци во последните 24 часа во окупираниот Западен Брег, соопшти Здружението на палестински затвореници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се вели дека меѓу приведените се едно дете и еден поранешен затвореник.
Според соопштението, со овие приведувања, бројот на приведени Палестинци од почетокот на годината досега од страна на израелските сили надмина 300.
Израелската војска често врши операции за приведувања во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс под изговор за фаќање на барани Палестинци.