Şahin Demir
28 Август 2026•Ажурирано: 28 Август 2026
Израелските сили денес продолжија со нападите врз јужен Либан, користејќи артилерија митралески оган врз неколку области, објави либанската државна Национална новинска агенција, пренесува Анадолу.
Агенцијата соопшти дека израелската артилерија ги гаѓала градот Хула и Вади ал-Салуки.
Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.
Најновите напади уследија откако израелските сили вчера ги интензивираа операциите низ јужен Либан, изведувајќи воздушни напади, артилериски гранатирања и копнени упади во неколку области, меѓу кои Мансури и Мајс ал-Џабал.
Израел продолжи со воените операции во Либан откако на 2 март започна нова офанзива, при што неговите сили навлегоа во дополнителни области на југот.
На 26 јуни, Либан и Израел постигнаа рамковен договор со посредство на САД, кој предвидува постепено повлекување на израелските сили од окупираните либански територии за возврат на распоредување на либанската армија и разоружување на вооружените групи, вклучително и Хезболах.
Оттогаш продолжија преговорите под покровителство на САД за спроведување на договорот, вклучително и за израелското повлекување и распоредувањето на либанската армија, додека израелските напади врз јужен Либан продолжуваат.