свет

Израел уби 37.834 Палестинци во напади на Појасот Газа од 7 октомври досега

– Министерството за здравство во Газа соопшти дека израелските сили спроведуваат напади врз Појасот Газа веќе 267 дена

Muhammed Emin Canik  | 29.06.2024 - Обновена : 30.06.2024
Израел уби 37.834 Палестинци во напади на Појасот Газа од 7 октомври досега

ГАЗА (АА) - Израелската армија уби 37.834 Палестинци во нападите на Појасот Газа од 7 октомври 2023 година досега, известува Анадолу.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека израелските сили спроведуваат напади врз Појасот Газа веќе 267 дена.

Во соопштението се наведува дека израелската армија извршила седум масакри во различни делови на Газа само во последните 48 часа, притоа убивајќи 69 Палестинци и ранувајќи 429.

Во израелските брутални напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година досега убиени се 37.834 Палестинци и повредени се 86.858.

Во соопштението се наведува дека сѐ уште има човечки тела под урнатините и покрај патиштата, но поради израелски барикади и напади, медицинските тимови и припадниците на цивилната одбрана не можат да стигнат до нив.

За повеќе од осум месеци израелски напади, големи делови од Појасот Газа се наоѓаат во урнатини, со разорена и уништена инфраструктура на палестинската енклавата, принудувајќи го населението на Појасот Газа внатрешно да се расели, што доведе до акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион раселени Палестинци побараа засолниште.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.