Qays Abu Samra,Hamdi Yıldız
31 Мај 2019•Ажурирај: 02 Јуни 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) – Едно 16-годишно палестинско дете го загуби својот живот, а друго момче е повредено како резултат на отворениот оган на израелските сили. Двајцата Палестинци се обиделе да го преминат Sидот на поделбата за да одат на петочната молитва во Ал Акса, јавува Anadolu Agency (AA).
Според палестинското Министерство за здравство, израелските трупи на југот на окупираниот Западен Брег отворија оган врз двајца Палестинци, од кои еден бил на 16-годишна возраст, а другиот на 21-годишна возраст. Тие сакале да го преминат Sидот на поделбата.
Шеснаесетгодишниот Абдула Гајс починал, а другото момче кое е повредено во стомакот моментално е на оперирација.
Израел со Sидот на поделбата (Sидот на срамот) го спречува влезот на мажи под 40 години од Западниот Брег во Ерусалим. Исто така, го блокира влезот во светиот град на Палестинците од Газа, која има околу 2 милиони жители.