Mazin Majeed Asaad Baqal,Ali Mukarrem Garip
31 Мај 2019•Ажурирај: 31 Мај 2019
КЕРКУК (АА) - Во ирачкиот град Керкук, на различни локации се изведени 6 последователни бомбашки напади, во кои животот го загубија 4 лица, а 15 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од Одделението за односи со јавноста на полицијата на Керкук, во градот се изведени 6 бомбашки напади во различни населби.
Во експлозиите животот го загубија 4 лица, а 15 се ранети. Се истакнува дека се спречени два бомбашки напади.
Се смета дека е голема веројатноста дека нападите се извршени од терористичката организација ДЕАШ, а потврда за тоа во изјавата за АА даде генерал-полковникот Саад Харбије, командант на операциите во Керкук.
Харбије информираше дека нападите се реакција на ДЕАШ за операциите започнати против милитантите на оваа терористичка организација јужно од градот.
Тој рече дека пред три дена е започната широкоопсежна операција против ДЕАШ, која сè уште трае, и додаде: „ДЕАШ се одмаздува со напади врз цивилите во центарот на градот“.
Терористичката организација ДЕАШ повремено извршува напади во провинциите Керкук, Мосул, Анбар, Саладин и Дијала, имајќи ги за цел безбедносните сили.