Mohammad Sio
05 Август 2026•Ажурирано: 05 Август 2026
Израелската Армија денес соопшти дека започнала да извршува напади во јужен Либан, тврдејќи дека операцијата е одговор на, како што наведе, „флагрантното прекршување“ на прекинот на огнот од страна на Хезболах, јавува Анадолу.
Нападите се случија додека Бејрут и Тел Авив одржуваа преговори во Рим, втор ден по ред.
„Како одговор на флагрантното прекршување на прекинот на огнот од страна на терористичката организација Хезболах, Израелските одбранбени сили (ИДФ) почнаа да извршуваат прецизни напади во јужен Либан“, се наведува во соопштението на Армијата.
Соопштението беше објавено кратко откако Армијата издаде предупредување за евакуација на жителите на јужното либанско село Мансури, што е прво такво предупредување по речиси шест недели.
Портпаролката на израелската Армија за медиумите на арапски јазик, потполковник Ела Вавеја, изјави дека предупредувањето било издадено „поради прекршувањето на договорот за прекин на огнот од страна на Хезболах“, без да наведе дополнителни детали за наводите за прекршувања.
Средбата во италијанската престолнина е втор ден од втората рунда преговори што се одржуваат во Рим.
Претходните пет рунди беа одржани во Вашингтон како дел од преговарачкиот процес под покровителство на САД.