Mustafa Deveci
19 Февруари 2024•Ажурирај: 20 Февруари 2024
АНКАРА (АА) - Израелската армија нареди затворање на некои патишта во близина на либанската граница за сообраќај на цивилни возила поради зголемените тензии во регионот, јавува Анадолу.
Весникот „Тајмс оф Израел“ објави дека израелската армија наредила некои патишта во близина на либанската граница да бидат затворени за цивилни возила.
Наведено е дека израелската армија ја донела оваа одлука поради судирите со Хезболах на либанската граница што траат од 8 октомври минатата година.
Во овие судири загинаа 195 члена на Хезболах, осум члена на движењето Амал, 31 либански цивил, војници, двајца либански безбедносни офицери, шест израелски цивили и 11 израелски војници.