Zeynep Tüfekçi Gülay
26 Декември 2023•Ажурирај: 27 Декември 2023
ГАЗА (АА) - Израелската армија на стадионот во Појасот Газа ги држи полуголи заробените Палестинци, меѓу кои има и деца и стари лица, пренесува Анадолу.
Сликите објавени на локалните медиумски канали и профилите на социјалните мрежи покажуваат дека многу насилно раселени палестински цивили биле приведени од страна на израелските војници и собрани полуголи на стадионот во Појасот Газа.
Околу заробените полуголи Палестинци има вооружени израелски војници и тенкови.
На една од објавените фотографии се гледа бебе завиткано во ќебе во рацете на вооружен израелски војник.