Ekip
15 Февруари 2018•Ажурирај: 16 Февруари 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската армија во текот на ноќта приведе 16 Палестинци од различни делови на окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Израелската армија се вели дека Палестинците биле уапсени под обвинение дека учествувале во терористички активности.
Израелските сили, воглавно во ноќните часови извршуваат упади во куќите на Западниот Брег и во Источен Ерусалим и под разни обвинувања ги приведуваат Палестинците.
Палестинската страна наведе дека во израелските затвори се наоѓаат 6.400 Палестинци, истакнувајќи дека меѓу нив има и малолетници.