Sayed Khodaberdi Sadat
15 Февруари 2018•Ажурирај: 15 Февруари 2018
КАБУЛ (АА) - Од Обединетите нации (ОН) соопштија дека околу 3.500 лица смртно настрадале во нападите извршени минатата година во Авганистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на ОН се наведува дека загинале 3.438 лица, од кои 359 биле жени, а 861 дете, додека 7.015 лица се повредени во нападите извршени на различни места во земјата во 2017 година.
Според ова соопштение, 42 отсто од нападите биле извршени од страна на Талибанците, 10 отсто од страна на терористичката организација ДЕАШ, 16 отсто од страна на владините сили, 2 отсто од страна на странските сили, и останатите напади биле извршени од страна на други терористички групи.
Во соопштението се вели дека 23 цивили загинале како резултат на лансираните минофрлачки гранати од страна на граничните трупи на Пакистан.
Најголеми цивилни загуби се забележани во главниот град на земјата, Кабул, и во авганистанските покраини Фарах, Хелманд, Кундуз и Урузган.
Според соопштението на ОН, во 2017 година забележан е пораст од 50 отсто во нападите на терористичката организација ДЕАШ врз храмови, додека кај судирите со терористичките организации забележан е пад од 19 отсто.
Беше наведено дека минатата година е забележан раст од 7 отсто кај цивилните загуби во споредба со 2016 година.