Hamdi Yıldız
23 Септември 2021•Ажурирај: 26 Септември 2021
РАМАЛА (АА) - Израелската армија отвори оган врз палестински новинар источно од окупираниот град Наблус на Западниот Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од синдикатот за медиуми на Палестина се наведува дека палестинскиот фоторепортер Насир Ештије е ранет во главата како резултат на оган отворен од страна на израелските сили во селото Дејр ал-Хатаб во Наблус.
Синдикатот го осуди израелскиот напад врз новинарите во селото Дејр ал-Хатаб.
Според информациите на дописникот на АА добиени од друг извор, израелските сили отвориле оган со вистински и гумени куршуми, користеле гас и звучни бомби за време на синоќешната рација во селото Дејр ал-Хатаб.
За време на рацијата настанаа судири меѓу младите Палестинци и израелските сили.
Израелските сили, кои често вршат рации во различни градови на Западниот Брег, приведуваат палестински државјани со образложение дека се бараат од безбедносни причини.