Ekip
23 Април 2017•Ажурирај: 24 Април 2017
РАМАЛАХ (АА) - Групата палестински демонстранти и денеска се судрија со израелските сили за безбедност кои се обидоа да го спречат одржувањето на протестот во Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Неколку стотици Палестинци се собраа денеска на мирен марш во знак на поддршка на палестинските затвореници кои штрајкуваат со глад барајќи подобри услови во израелските затвори и правда.
Демонстрантите пристигна во линијата на разграничување во местото Беит Ел, каде што прво дојде до вербален конфликт со членовите на израелската армија.
Израелските сили потоа со солзавец и употреба на сила се обидоа да ги растераат насобраните палестинци, на што демонстрантите одговорија со палење на канти за ѓубре и каменување.