?????
13 Декември 2015•Ажурирај: 14 Декември 2015
БЕРЛИН (АА) - Полицијата во германскиот град Лајпциг соопшти дека 69 полицајци се повредени во судирите со левичарските демонстранти, и морало да се употреби солзавец и водени топови за да се растера групата насилни демонстранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 50 полициски автомобили беа оштетени за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во саботата вечер.
До немирите дошло во текот на протестот на левичарите кој беше организиран како реакција на протестот на група десничари во Лајпциг, еден ден пред тоа.
Од полицијата денес соопштија дека привремено уапсила 23 лица кои фрлале камења врз полицијата, а беа изгорени и контејнери на улиците.
За време на немирите беа уништени и прозорците на околните продавници и две автобуски станици. Останува неизвесно колкав е бројот на повредени демонстранти.