Ahmed Asmar
08 Октомври 2024•Ажурирај: 09 Октомври 2024
АНКАРА (АА) - Израелската Армија утрово објави дека убила висок командант на либанската група Хезболах во воздушен напад врз јужен Бејрут, јавува Анадолу.
Синоќа, израелската Армија објави дека ќе изврши „прецизен и наведуван“ напад врз јужното предградие на Бејрут.
Во соопштението, израелската Армија вели дека го убила Сухаил Хусеин Хусеини, кој според неа бил шеф на логистичката мрежа на Хезболах и одговорен за трансферот на оружје меѓу неговата група и Иран.
Во соопштението, исто така, се наведува дека Хусеини бил член на највисокото воено тело на движењето, познато како „Совет за џихад“.
Од Хезболах сè уште нема коментар за израелскиот напад.
Израел врши масовни воздушни напади низ Либан против, како што тврди, позиции на Хезболах од 23 септември, во коишто загинаа повеќе од 1.250 луѓе, повредени се 3.618, а раселени се над 1,2 милиони луѓе.
Воздушната кампања претставува ескалација на едногодишната прекугранична војна меѓу Израел и Хезболах од почетокот на бруталната офанзива на Тел Авив врз Појасот Газа, во која загинаа речиси 42.000 луѓе, главно жени и деца, од нападот на Хамас минатата година.
И покрај меѓународните предупредувања дека регионот на Блискиот Исток е на работ на регионална војна поради немилосрдните напади на Израел врз Газа и Либан, Тел Авив го прошири конфликтот со започнување на копнена инвазија во јужен Либан на 1 октомври.