Ramzi Mahmud,Ekrem Biçeroğlu
09 Октомври 2024•Ажурирај: 10 Октомври 2024
ГАЗА (АА) - Владата во Газа информираше дека израелската армија убила 125 Палестинци во нападите извршени на северот на Појасот Газа во последните пет дена, известува Анадолу.
Владината Канцеларија за медиуми достави информации за нападите што Израел ги извршува последните пет дена врз бегалскиот камп Џабалија на северот од Појасот Газа.
Во израелските напади врз бегалскиот камп Џабалија во последните пет дена убиени се 125 Палестинци, меѓу кои има деца и жени.
Во соопштението се посочува дека улиците на кампот се полни со безживотните тела на десетици убиени во нападите, а израелските војници го спречиле пристап до телата напаѓајќи ги членовите на брзата помош и на тимовите на цивилната одбрана.
Во нападите што Израел ги изврши врз Појасот Газа од 7 октомври убиени се 42.010 Палестинци, меѓу кои приближно 17.000 деца и 11.378 жени, а 97.720 лица беа повредени.
Под урнатините сѐ уште има илјадници мртви, а Израел како цел ја има цивилната инфраструктура, бомбардирајќи и гранатирајќи ги болниците и образовните институции во кои се засолнети луѓето што мигрираа.