Mustafa Deveci
31 Октомври 2023•Ажурирај: 01 Ноември 2023
КУДС (АА) - Израелската армија објави дека во последните 24 часа бомбардирала околу 300 локации во блокираниот Појас Газа, пренесува Анадолу.
И покрај апелите на меѓународната заедница за прекин на огнот, Израел продолжува да ги интензивира нападите што ги започна врз Газа на 7 октомври.
Во соопштението на израелската армија се наведува дека само во последните 24 часа биле бомбардирани околу 300 локации низ Газа.
Се додава дека целни локации биле воени контролни пунктови од кои биле лансирани противтенковски ракети од военото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам.
Во соопштението се наведува и дека копнените сили во регионот се судриле со припадниците на бригадите Ал-Касам.
Најмалку 55 Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Појасот Газа рано утринава, јави палестинската новинска агенција ВАФА.
Израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдно бомбардирање по ненадејниот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври.
Во конфликтот загинаа повеќе од 9.800 луѓе, меѓу кои 8.306 Палестинци и повеќе од 1.538 Израелци.