Gülşen Topçu
27 Јуни 2017•Ажурирај: 27 Јуни 2017
ГАЗА (АА) - Израелската војска изврши воздушни напади на подрачјето на Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на израелската војска, Овија Одраел, соопшти дека израелските воздушни сили извршиле напади на позициите на военото крило на Хамас, бригадата Изадин aл-Касам, и тоа како одговор за наводниот претходен ракетен напад од подрачјето на Газа, на израелска територија.
Израелските авиони утринава извршија напади во западниот дел на Газа, во северниот дел на Рафа и на ненаселено подрачје во внатрешноста на Газа.
Одраел порача дека палестинското движење Хамас е владејачка опција во Газа и дека поради тоа е одговорно за сите ракетни напади од тоа подрачје кон Израел. Тој додаде дека израелските сили жестоко ќе одговорат и на секоја идна провокација.
Министерството за внатрешни работи во Газа соопшти дека во израелските напади е причинета материјална штета на повеќе објекти, но дека немало човечки жртви.
Портпаролот на Хамас, Февзи Бехрум, изјави дека Израел ја продолжил својата опасна игра на измислување на наводни ракетни напади од Газа за да ги оправда своите воздушни напади и предизвикувањето тензии во регионот.