İdiris Okuduci
19 Јуни 2024•Ажурирај: 20 Јуни 2024
БЕЈРУТ (АА) - Израелската војска го изврши првиот воздушен напад на подрачје во близина на крајбрежниот град Сур на југот на Либан, пренесува Анадолу.
Според вестите на либанската државна агенција ННА, израелски воени авиони двапати го нападнале селото Шабриха на северниот влез на градот Сур.
ННА јави и дека цел на нападот била трикатна зграда лоцирана во крајбрежната област помеѓу Шабрихе и градот Бургалија.
Засега нема информации дали има човечки жртви.
На фотографиите објавени од либанските медиуми се гледа како над селото се издигнува чад, кое е на околу три километри од северниот влез на градот.