Ekipa
12 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
ЏЕНИН (АА) - Најмалку еден Палестинец е убиен, а повеќе лица се ранети во утринската акција која израелските безбедносни сили ја спроведоа во бегалскиот камп во Џенин, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелската војска рано утринава изврши претрес во бегалскиот камп на Западниот Брег, притоа користеше големи количини на солзавец и огнено оружје.
Лекарите во болниците во Џенин соопштија дека еден Палестинец е убиен и дека повеќемина ранети се хоспитализирани. Меѓу ранетите се наоѓа и едно лице во животна опасност.