Said Amori,Gülşen Topçu
21 Јануари 2024•Ажурирај: 23 Јануари 2024
АЛ-КУДС (АА) - Израелски војник, кој учествувал во нападите на израелската војска во Појасот Газа, а неодамна се вратил во Тел Авив, застрелал и убил свој пријател, пренесува Анадолу.
Војник кој неодамна се вратил од Газа пукал во пријател и го убил во стан во Тел Авив, објави израелската телевизија „Канал 12“.
Во веста се наведува дека израелскиот војник кој го извршил убиството носел легално оружје, и дека и убиениот и убиецот имале 25 години.
Во последните месеци, израелските медиуми објавија наводи дека илјадници отпуштени израелски војници претрпеле повоена траума.