свет

Израелски медиуми: Војната во Газа на пат кон третата фаза

Во последните недели, израелските медиуми посочија дека третата фаза од војната значи премин од интензивно бомбардирање на Газа кон целни воздушни напади врз основа на разузнавачки информации

Ahmed Asmar  | 02.07.2024 - Обновена : 03.07.2024
Израелски медиуми: Војната во Газа на пат кон третата фаза

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските медиуми денес објавија дека израелската Армија се подготвува да влезе во третата фаза од воените операции во Газа, по речиси девет месеци напади, јавува Анадолу.

Израелскиот „Канал 12“ објави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант, јужната команда на Армијата и Генералната служба за безбедност (Шин Бет) разговарале за достигнувањата во Газа и подготовките за третата фаза од војната.

Во последните недели, израелските медиуми посочија дека третата фаза од војната значи премин од интензивно бомбардирање на Газа кон целни воздушни напади врз основа на разузнавачки информации.

Каналот додаде дека командантите на Армијата побарале од политичкото раководство рок од четири месеци за финализирање на воените операции во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Израелската Армија започна голема воена кампања во Рафа на 6 мај, принудувајќи десетици илјади раселени Палестинци да го напуштат малиот град поради интензивното гранатирање низ градот.

Воените команданти на Армијата за време на состанокот рекоа дека Израел не смее да прогласи крај на војната во Газа додека не се вратат сите израелски затвореници кои ги држи Хамас, без разлика дали се мртви или живи.

Израелските власти проценуваат дека во моментов во Газа има околу 120 Израелци.

Нетанјаху ги поздрави, како што рече, сериозните и значајни достигнувања на Армијата во Газа, додавајќи дека израелските министри мора да бидат информирани за случувањата таму, пренесува каналот.

Израел, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа, од нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

Оттогаш се убиени најмалку 37.900 Палестинци.

Во текот на осум месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а постои блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му наложи веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што над еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред започнувањето на копнената офанзива врз градот на 6 мај.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın