Mustafa Deveci
17 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израепскиот претседател, Рувен Ривлин, го покани престолонаследникот на Абу Даби, принцот Мухамед бин Зајид ал Нахјан во Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ривлин информацијата ја потврди преку објава на својот Твитер профил.
Тој напиша дека упатил покана до Бин Зајид да допатува во посета Западен Ерусалим (Кудс).
„Се надевам дека договорот постигнат меѓу нашите земји ќе придонесе во градење и зајакнување на довербата меѓу нас и народите во регионот, ќе придонесе за економијата и за стабилноста во регионот“, нагласи Ривлин.