Afra Aksoy
23 Мај 2018•Ажурирај: 23 Мај 2018
ГАЗА (АА) - Изрелските воени авиони бомбардираа две бротчиња во Појасот Газа и позиции на военото крило на Хамас од бригадата Изедин ел Касам, јавува Anadolu Agency (AA).
Врз двете бротчиња кои се наоѓале во рибарското пристаниште во западниот дел на Газа се истрелани најмалку три ракети. На едното избило и пожар.
Претставникот на Организацијата за осуда на окупираната Газа, Алаадин ел Бата, потврди дека двете бротчиња биле мета на израелските авиони.
Тој истакна дека бротчињата се погодени по втор пат во еден месец. „Нападите врз нив“, како што изјави Бата, „се извршуваат со цел спречување на патувањето на болните луѓе и студентите“.
Половина час по нападот врз бротчињата извршен е и напад врз позициите на бригадата Изедин ел Касам во северниот дел на Газа.
Во двата напади немаше загинати, ниту ранети лица.