Qais Omar Darwesh Omar,Zeynep Hilal Karyağdı
06 Јануари 2021•Ажурирај: 07 Јануари 2021
ХЕБРОН (AA) - Израелските војници интервенираа врз Палестинците кои протестираа против убиството на еден Палестинец во окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локални извори, десетици млади Палестинци во градот Хеброн на Западниот Брег реагираа против убиството на Палестинецот застрелан од страна на израелските војници.
Младите се собраа во подрачјето на Бејт Умар каде настана судир помеѓу израелските војници и младите Палестинци.
Палестинците фрлаа со камења кон израелските војници, додека војниците интервенираа со вистински и гумени куршуми, како и со солзавец.
Во немирите нема жртви или повредени.
Инаку, израелските војници пред извесно време застрелаа Палестинец со тврдење дека извршил обид за напад со нож на окупираниот Западен Брег.