Fırat Taşdemir
06 Јануари 2021•Ажурирај: 06 Јануари 2021
АНКАРА
Турските сили неутрализираа седум терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои извршиле обид за напад и инфилтрирање во зоната каде беше реализирана операцијата „Извор на мирот" во северниот дел на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Нашите херојски командоси спречија уште еден обид за напад и инфилтрирање во зоната каде беше реализирана операцијата "Извор на мирот" “, се наведува во соопштението.
„Седум терористи на ПКК/ЈПГ се неутрализирани пред ја постигнат нивната цел“, се додава во соопштението на ова министерство.