Rania R.a. Abushamala
11 Март 2026•Ажурирај: 11 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот министер за образование изјави дека 206 ученици и наставници се убиени, а 161 се повредени во нападите извршени од САД и Израел од крајот на минатиот месец, објавија иранските медиуми денес, пренесува Анадолу.
Алиреза Каземи ги даде овие изјави за државната новинска агенција ИРНА, на маргините на погребната церемонија за воените команданти убиени во нападите.
Регионалната ескалација се интензивира од 28 февруари кога Израел и САД започнаа заеднички напади врз Иран, при што загинаа повеќе од 1.300 луѓе, а повредени се 10.000.
Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Заливот, каде што се наоѓаат американски воени бази.