Eshat Fırat
27 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници приведоа 16 Палестинци од подрачјата на окупираниот Западен Брег и во источен Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската војска се наведува дека при акција на израелските војници во подрачјата Тулкарм, Рантис, Витлеем и Бејт Фуџејра, приведени се 14 Палестинци поради учество во терористички активности.
Се истакнува дека меѓу приведените се наоѓаат пет лица поврзани со Хамас и дека уапсените ќе бидат испитувани.
Исто така, во утринските часови дојде до судир меѓу вработените на комплексот Ал-Акса и израелските војници кои се наоѓаа на влезот во Ал-Акса.
Од Вакуфската дирекција на Ерусалим се соопштува дека израелските војници привеле двајца Палестинци, вработени во Ал-Акса.