Elena Trenchevska Chekovic
18 Септември 2025•Ажурирај: 18 Септември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Додека израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, роднините на израелските заложници држени во Газа организираа протест пред резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Западен Ерусалим, јавува Анадолу.
Демонстрантите го изразија својот гнев кон Владата на Нетанјаху, повикувајќи на итен договор за ставање крај на војната и постигнување договор за размена на затвореници.
Демонстрантите, исто така, ги осудија тековните напади на Израел врз Газа, како и политиката на блокада и гладување наметната врз територијата.
Израелската Армија во Газа уби повеќе од 65.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца, од октомври 2023 година. Немилосрдното бомбардирање ја направи енклавата непогодна за живеење и доведе до глад и ширење на болести.
Меѓународниот кривичен суд минатиот ноември издаде налози за апсење на Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.