Esat Fırat
02 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
РАМАЛА (АА) - Израелските сили во 2018 година убија 312 Палестинци во окупираните Источен Ерусалим и Западен Брег, и во Појасот Газа кој е под блокада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според Центарот за истражување и информирање „Абдулах ел Хаварани“ при Ослободителната организација на Палестина, израелските сили минатата година убиле 312 лица, од кои 57 деца и 3 жени, а повредија 31.500 Палестинци.
Според извештајот на овој центар, 262 загинати лица биле од Појасот Газа кој е под блокада, а 50 од нив биле од окупираните Источен Ерусалим (Кудс) и Западен Брег.
Нагласено е дека бројот на смртните случаи во 2018 година е зголемен за 200 отсто во споредба со 2017 година, и дека израелските сили користеле вистински и гумени куршуми, како и солзавец, против Палестинците за време на мировните демонстрации наречени „Маршот на големото враќање“ во Газа, како и за време на рациите извршени во различни места во окупираниот Западен Брег.
Во извештајот се додава дека израелските сили во 2018 година раниле 31.500 Палестинци, од кои 26.000 се ранети како резултат на интервенцијата на израелските војници врз мировните демонстрации организирани на границата на Газа.
Канцеларијата на ОН за координација и хуманитарни прашања во еден извештај објавен претходно наведе дека израелските сили од почетокот на 2018 година убиле 295, а раниле 29.000 Палестинци.