Mesut Zeyrek
02 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
КЕЛН (АА) - Претседателот на Управата за верски работи на Република Турција, Али Ербаш, изјави дека движењата и струите на расна основа, кои се појавуваат во Европа во последните години, и антиисламската реторика, претставуваат закана по мултикултуралноста, соживотот, мирот и благосостојбата на Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Ербаш престојуваше во германскиот град Келн и имаше обраќање во седиштето на Турската исламска заедница (DITIB), каде што се одржани 2. Средби на муслиманите од Европа.

Тој нагласи дека не е можно да се зборува за иднината на Европа, игнорирајќи го постоењето на муслиманите.
„Истовремено, иднината на муслиманите во Европа е невозможно да се третира независно од исламскиот свет. Соживотот, подобрата иднина, еднаквите права, правдата, прашањата кои се однесуваат на секој на овој свет. Гледаме дека исламофобијата добива една димензија во која се претвора во непријателство кон исламот. Движењата и струите на расна основа кои се појавуваат во Европа во последните години, антиисламските активности и реториката, ја загрозуваат мултикултуралноста, соживотот, мирот и благосостојбата на Европа“, нагласи Ербаш.
„Дискурсите и практиките што се засноваат на дискриминација, како што се расизмот, социјалната исклученост, маргинализацијата, ксенофобијата и нападите на џамиите и месџидите, понекогаш достигнуваат алармантно ниво, а како такви го игнорираат човечкиот живот и достоинството, ги ограничуваат правата, ги прави безфункционални општествените и културните институции, и ги уништува заедничките морални и совесни вредности“.
Ербаш нагласи дека ваквата состојба ја намалува надежта на човештвото за добрина и иднина.
„Во денешно време, кога сите видови на човекови права и темелни слободи се загарантирани со меѓународните договори, занемарување, злоупотребување, кршење и напади во споменатите области се неприфатливи и необјасниви во контекст на цивилизираниот свет“, изјави Ербаш, и додаде:
„Исламот е религија на мир која ги брани истите универзални вредности низ светот. Затоа е непотребно и е залудно да се вложуваат напори и да се зборува за исламот со користење на географски или културолошки атрибути, како што се европскиот ислам, францускиот ислам, умерен ислам. Наместо тоа, неопходно е да се работи на тоа исламот да се сфати на правилен начин и како таков што повеќе да придонесе и да го разубави нашиот живот“.