17 Јануари 2023•Ажурирај: 17 Јануари 2023
РАМАЛА (АА) - Израелските сили застрелаа Палестинец на окупираниот Западен Брег, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелските сили убија момче на влезот во градот Наби Јунис северно од Хеброн, јави палестинската телевизија.
Палестински активисти и локални медиуми објавија видео на кое се гледа како млад човек лежи на земја додека израелските војници го опкружуваат.
„Израелските сили ги спречија медицинските лица да стигнат до младиот човек“, изјави очевидец за АА.
Според радиото на израелската војска, Палестинецот бил застрелан откако се обидел да ги нападне израелските сили во близина на градот Халхул.
Меѓу припадниците на израелските сили нема повредени.
Во неделата, израелските сили застрелаа Палестинец на Западниот Брег, бидејќи, според наводите, се обидел да грабне пиштол од еден војник.