17 Јануари 2023•Ажурирај: 19 Јануари 2023
МЕКА (АА) - Вегетацијата оживеа околу Мека по обилните врнежи што го зафатија подрачјето, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зелената боја доминира на планините и рамнините околу Мека, каде веќе некое време паѓа дожд.
Обилните врнежи од дожд зафатија делови на Саудиска Арабија во последните неколку недели. Секоја година се случува слична појава, но во зависност од количината на врнежи има поголемо или помало зеленило.
Во неколку делови на Кралството може да се види како претходно сушните пејзажи стануваат зелени, особено на западот на Саудиска Арабија. Растот на вегетацијата, предизвикан од топлото време, како и дождот, го забележа и екипата на Агенција Анадолија (АА).