Gözde Bayar
19 Август 2020•Ажурирај: 20 Август 2020
ГАЗА (АА) - Израелските сили извршија серија воздушни напади рано утрово врз блокираниот Појас Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Авичај Адрае, портпаролот на Вооружените сили на Израел изјави дека израелските воени авиони гаѓале неколку позиции во Газа, вклучувајќи го и воениот комплекс на военото крило на Хамас, бригадата „Изедин ал Касам“.
Според очевидци, во најмалку два воздушни напади погодени се одредени позиции на бригадата „Изедин ал Касам“, во југоисточниот дел на Газа.
Засега нема потврдени жртви, а некои куќи се оштетени во изаелските напади.
Израелската војска и во понеделникот бомбардираше одредени позиции на Хамас во блокираниот Појас Газа.
Израелската војска на својот профил на Твитер наведе дека некои набљудувачки точки кои му припаѓаат на движењето Хамас се погодени од артилериски оган. Се наведува дека нападот е извршен како одговор на наводното лансирање балони од Газа кои во Израел предизвикуваат пожари.
Не е познато дали во тој напад има загинати или повредени.