Satuk Buğra Kutlugün
09 Мај 2018•Ажурирај: 10 Мај 2018
ДАМАСК (АА) - Израелските сили изведоа жестоки атилериски напади врз Дамаск, главниот град на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани локални извори за АА изјавија дека израелските сили доцна синоќа ги гаѓале воените позиции и две воени возила во регионот Ал Кисвех, кој се наоѓа во јужниот дел на провинцијата Дамаск.
Локалните извори јавуваат дека во тој регион се слушнала силна експлозија, а прорежимската сириска Новинска агенција САНА јави дека силите на режимот на Сирија успеале да пресретнат и да уништат две израелски ракети.
Израел е обвинет и за ракетните напади врз позициите на војската на сирискиот режим изведени на 30 април.