Qais Omar Darwesh Omar,Muhammed Semiz
11 Јануари 2024•Ажурирај: 11 Јануари 2024
РАМАЛА (АА) - Израелските сили извршија рации во градовите Џенин, Витлеем и Рамала во окупираниот Западен Брег и приведоа десет Палестинци, јавува Анадолу.
Очевидци изјавија дека израелските сили извршиле рација во градот и бегалскиот камп Џенин и го оштетиле палестинскиот имот со булдожери.
Се известува дека дошло до судири меѓу Палестинците и израелските сили во многу населби на Џенин, а израелските беспилотни летала летале над областа за време на рацијата.
Палестинската државна новинска агенција ВАФА соопшти дека израелските сили привеле шест Палестинци за време на рациите во Џенин.
Соопштено е и дека израелските сили привеле четворица Палестинци во рациите во Витлеем и Рамала.
Израелските сили вчера приведоа 26 Палестинци на Западниот Брег.
Од 7 октомври, приведени се повеќе од 5.780 Палестинци на Западниот Брег и во Источен ал Кудс (Ерусалим).
341 Палестинец се убиени во нападите на израелските сили и еврејските доселеници на окупираниот Западен Брег и во Ал Кудс од 7 октомври 2023 година.