Hamdi Yıldız
18 Август 2019•Ажурирај: 20 Август 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска соопшти дека отворила оган врз две лица за кои тврди дека биле вооружени во жичената зона во северниот дел на Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на израелската војска, откриени се две осомничени вооружени лица во точка близу жичената зона во граничната линија во северниот дел Газа.
Во соопштението се нагласува дека врз осомничените е отворен оган со воени хеликоптери и тенкови.
Не се дадени повеќе детали во врска со случајот.
Инаку, во претходното соопштение на израелската војска беше наведено дека од Газа во Израел биле лансирани три ракети и дека биле повредени шест лица.