Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout,Hacer Başer
27 Септември 2023•Ажурирај: 28 Септември 2023
КУДС (АА) - Израелските сили повторно го уништија селото Арекиб, во кое живеат палестинските бедуини, во пустината Негев, во јужниот дел на земјата, јавува Анадолу.
Членот на Одборот за одбрана на Арекиб, Азиз ел Тури, за Анадолу изјави дека голем број луѓе останале без своите домови.
Тој додаде дека израелските сили го уништиле ова село по 222. пат.
Ел Тури рече дека израелските сили вторпат овој месец упаднале во селото.
Повеќе од 80 Палестинци, израелски државјани, живеат во селото Арекиб.
Израелската војска првпат го уништила селото во јуни 2010 година.
Власта од Тел Авив тврди дека селото е нелегално изградено и дека мора да биде урнато.
Жителите на селото истакнуваат дека подрачјето на селото го наследиле од своите предци многу години пред формирањето на Израел.
По секое негово уривање, жителите на селото повторно ги градат своите куќи од дрво и пластика, покажувајќи отпор.
Како што тоа е случај и со другите села, ниту во Негев ниту во Арекиб нема дистрибуција на електрична енергија и вода, а Израел не го признава правото на поседување имот од страна на Палестинците во тоа подрачје.