Muhammed Semiz
06 Март 2023•Ажурирај: 07 Март 2023
РАМАЛА (АА) - Израелските сили за време на рациите извршени во окупираниот Западен Брег повредија 4 Палестинци, а приведоа 14, пренесува Анадолу.
Според веста на палестинската официјална новинска агенција ВАФА, израелските сили извршиле рација во мигрантскиот камп Акабе Џебр во градот Ериха, што се наоѓа во јужниот дел на Западниот Брег.
Израелските сили за време на рацијата отворија оган и ранија четворица Палестинци, кои се пренесени во државна болница.
Од друга страна, во писменото соопштение на израелската војска се наведува дека за време на рациите извршени во повеќе зони на Западниот Брег се приведени 14 Палестинци.
Инаку, израелските сили често вршат рации во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс, и под различни тврдења приведуваат Палестинци.