Halime Afra Aksoy,Qais Omar Darwesh Omar
04 Декември 2023•Ажурирај: 05 Декември 2023
РАМАЛА (АА) - Израелските сили приведоа 60 Палестинци во најновите рации во различни делови на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.
Здружението на палестинските затвореници и Комитетот за прашања на палестинските затвореници, кој е поврзан со Палестинската ослободителна организација, објавија заедничко писмено соопштение за новите приведувања.
Во соопштението се наведува дека израелските сили извршиле рација на неколку локации на Западниот Брег и привеле 60 Палестинци, меѓу кои и поранешни затвореници.
Повеќето Палестинци се приведени во градовите Хеброн и Витлеем.
Во соопштението се наведува дека приведените за време на рациите и нивните роднини биле подложени на тортура, тешко физичко малтретирање и закани, а нивните домови биле уништени.
Бројот на лица приведени во окупираниот Западен Брег и Источен ал Кудс (Источен Ерусалим) од 7 октомври се искачи на 3.540.
Од 7 октомври, кога израелските сили ги започнаа нападите врз Газа, дојде до зголемен број притворања и напади врз Палестинците на Западниот Брег и во Источен ал Кудс.