Mustafa Deveci
05 Октомври 2021•Ажурирај: 06 Октомври 2021
КУДС
Израелските сили привеле осум Палестинци, вклучително и еден новинар, во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс (Ерусалим), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на палестинската официјална новинска агенција ВАФА (WAFA), израелските сили извршиле рации во различни делови на Западниот Брег и Источен Кудс.
Во текот на рациите приведени се осум Палестинци во Западниот Брег и еден Палестинец во Источен Кудс.
Палестинскиот новинар Ради Карама, исто така, се наоѓа помеѓу приведените лица во Западниот Брег.
Израелските сили, кои често вршат рации во домовите на окупираниот Западен Брег и во Источен Кудс, приведуваат Палестинци под разни обвиненија.
Некои од Палестинците, вклучително и жени и деца, се држат во притвор со денови по приведувањата, кои веќе станаа вообичаена практика на Западниот Брег и во Источен Кудс.