Mustafa Deveci
02 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници притворија 22 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писмената изјава на Израелската армија се соопштува дека во синоќешните рации во разни делови на Западниот Брег се притворени 22 Палестинци, со тврдење дека биле „вклучени во терористички активности“.
Во соопштението се вели дека Палестинците се пренесени во центарот за притвор во регионот.
Израелските сили, кои честопати влегуваат во куќите во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, приведуваат Палестинци под најразлични обвинувања.
Некои од Палестинците, вклучувајќи ги и жените и децата, со денови се чуваат во центрите за притвор, што е вообичаена практика во Западниот Брег и Источен Ерусалим.
Израел, со практиката наречена „административно притворање“, во зависност од разузнавачките информации, може да приведува Палестинци и да ги држи во притвор од 1 до 6 месеци.
Ако притвореникот се смета за „опасност по безбедноста на Израел“, воениот судија може да му го продолжи времетраењето на притворот до 5 години.
Според официјалните палестински извори, во израелските затвори се наоѓаат повеќе од 5.000 Палестинци, од кои околу 500 се административни затвореници и 220 се деца.