Qais Omar Darwesh Omar,Safiye Karabacak
26 Јули 2023•Ажурирај: 27 Јули 2023
НАБЛУС (АА) - Израелските сили убиле Палестинец во текот на рацијата што ја спровеле во бегалскиот камп Ал-Ајн во окупираниот град Наблус на Западниот Брег, пренесува Анадолу.
Според зборовите на очевидците, израелските војници упаднале во бегалскиот камп Ал-Ајн и опколиле една куќа.
Откако Палестинците реагирале на рацијата, настанал судир меѓу нив и израелските војници.
Палестинското Министерство за здравје информираше дека во судирот животот го загубил 23-годишниот Мохамед Неда откако директно бил погоден во градите од страна на израелските сили во Наблус.
Локални извори информираа дека израелските сили во исто време привеле еден Палестинец пред да се повлечат од подрачјето.