Semra Orkan
05 Мај 2019•Ажурирај: 05 Мај 2019
ГАЗА (АА) - Израелските авиони доцна синоќа ја погодија зградата во којашто се наоѓа канцеларијата на турската хуманитарна организација „Јардимели“, во блокираниот Појас Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Зградата е сместена во централниот дел на енклавата, а беше цел на низа ракети“, рече челникот на турската фондација во Газа, Хани Ал Агха.
Објектот е целосно уништен, при што животот го изгубиле пет лица.
Доцна синоќа беше погодена и зградата во Газа во којашто беше сместена канцеларијата на Anadolu Agency. Во нападот, кој го осудија палестински и турски официјални претставници, немаше мртви ниту ранети.