Turgut Alp Boyraz
04 Јули 2017•Ажурирај: 05 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Беспилотно летало на израелската армија падна во Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите што ги изнесе портпаролот на израелската армија, беспилотно летало од типот „Skylark“ (Скајларк) паднало во Појасот Газа. Официјалните претставници на израелската армија изјавија дека сѐ уште не е позната причината за падот на беспилотното летало, и истакнаа дека е започната истрага.
Израелската армија и минатата недела соопшти дека едно нивно беспилотно летало паднало на Западниот Брег, во близина на градот Бејтулахим, кој е под израелска окупација.
Беспилотните летала „Skylark“ коишто ги користи израелската армија, се производ на Израел.
Околу 2 милиони Палестинци кои живат во Појасот Газа, од 2006 година досега се под израелска блокада од копно, воздух и од море.