Emre Gürkan Abay
04 Јули 2017•Ажурирај: 05 Јули 2017
МОСКВА (АА) - По извршените инспекциски прегледи и констатирани неправилности на работењето во Русија започната е постапка за затворање на Руско-турскиот културен центар и на „Oxford Vision“ (Оксфорд Вижн), две установи кои се поврзани со терористичката организација ФЕТО, пренесува Anadolu Agency (AA).
Руската новинска агенција РИА Новости јавува дека инспекциските служби на руското Министерство за финансии, Министерството за вонредни околности и Министерството за труд и миграција од мај оваа година вршат преглед на работењето во две образовни установи кои делуваат во Санкт Петербург и утврдиле низа нерегуларности и грубо кршење на руските закони.
На таканаречениот Руско-турски културен центар и на училиштето за странски јазици „Oxford Vision“, изречени им се високи парични казни, а основачот на споменатиот културен центар Аднан Озтурк и предавачот во „Oxford Vision“, Ешреф Саришахин, се лишени од слобода заради давање мито на руските инспектори.
Според официјалните податоци до кои дојде АА од руските институции, двете споменати установи во Санкт Петербург, Москва и во други руски градови делувале од мај 2013 година, а се поврзани со организацијата ФЕТО.
Тие установи веќе година и пол речиси и ги прекинаа своите активности, а по многубројните жалби руските институции испратија инспекциски служби кој утврдија бројни нерегуларности во активнотите на тие установи.
Руските официјални лица најавуваат дека двете установи поврзани со ФЕТО ќе бидат затворени со одлука на надлежниот суд или сами ќе се доведат до пропаст поради високите парични казни кои им се изречени.
Терористичката организација ФЕТО во седумдесеттите години на минатиот век започна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции на Турција, во осумдесеттите значително ги зајакна своите паралелни структури во тие институции и на крајот, на 15 јули минатата година изврши неуспешен обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната турска власт.
Властите на Турција спроведуваат опсежни операции во рамките на борбата против таа терористичка мрежа којашто е предводена од Фетула Ѓулен.