Ruslan Rehimov
15 Април 2022•Ажурирај: 15 Април 2022
БАКУ (АА) - Азербејџан и Албанија мора да работат на зголемување на трговската размена изјави азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Алиев го прими албанскиот премиер Еди Рама, кој престојуваше во официјална посета на Азербејџан“, се наведува во соопштението на азербејџанското Претседателство.
Осврнувајќи се на трговските односи меѓу двете земји, Алиев рече: „Мора да работиме на зголемување на нашата трговска размена. Бројката е многу мала, но има потенцијал за раст.“
За енергијата, Алиев рече: „Азербејџан е извозник на природен гас во Европа повеќе од една година, а Албанија секогаш ја поддржуваше оваа иницијатива.“
„Претставници на високо ниво на вашата земја отсекогаш учествувале на состаноците на Советодавниот совет на Јужниот гасен коридор и значително придонеле за спроведувањето на овој проект.“
„Денес важноста на Јужниот гасен коридор и особено на Трансјадранскиот гасовод (ТАП) се чини појасна“, додаде тој.
Нагласувајќи дека соработката во областа на енергетиката има потенцијал да расте, Алиев рече: „Нашите претставници преговараат да имаме пошироко портфолио за енергетска соработка. Прашањата како што се природниот гас, транзитот, снабдувањето и електричната енергија може да бидат важен дел од нашата агенда.“
Рама го изрази и своето задоволство што е во Азербејџан по ослободувањето на азербејџанските територии од долгогодишна окупација.
Тој нагласи дека Албанија секогаш го поддржувала и ќе продолжи да го поддржува Азербејџан.
Истакнувајќи дека Албанија ги поздравува напорите на Азербејџан за мир и долгорочна соработка со Ерменија, Рама рече: „За среќа, имаме силен мост како Турција... Има области кои имаат потенцијал за зголемување на нашата соработка.“