Amina Zorniç
28 Февруари 2016•Ажурирај: 29 Февруари 2016
АЦЕХ (АА) - Неколку илјади муслимански верници се приклучија во синоќешната масовна молитва за мир во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Освен за мир во светот, индонезиските верници се помолија и за сузбивање на групите кои изведуваат терористички напади во име на исламот, земајќи човечки животи во Индонезија и ширум светот.
Молитвата за сите верници е организирана на отворено, во градот Банда Ацех, кој е седиште воедно и најголемиот град на провинцијата Ацех во Индонезија, сместен на островот Суматра.