Ekip
29 Септември 2017•Ажурирај: 30 Септември 2017
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Индиската полиција соопшти дека во стампедо на локалната железничка станица во Мумбаи сериозно се повредени најмалку 20 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од полицијата велат дека стампедото се случило поради шпекулациите дека се срушил пешачкиот мост откако попуштиле бетонските подлоги.
„Завладеа општ хаос, бидејќи луѓето сакаа да го напуштат надвозникот колку што е можно поскоро. Медицинските служби ги пренесоа повредените до најблиските болници.
Стампедата проследени со жртви се прилично честа појава на индиските верски фестивали, кога многу луѓе се собираат на мал простор, без мерки за контрола на масата.